Пред своите симпатизери, Трамп рекол: „Знаете дека постои збор кој е помалку старомоден. Тоа е зборот – националист. Ние наводно не би требало да го користиме тој збор. Но, знаете што сум јас? Јас сум националист. Националист. Користете го овој збор!“

Доналд Трамп се нарече себеси националист и ги повика сограѓаните тој збор во неговиот случај да го употребуваат како збор за човек кој „интересите на својата држава ги става на прво место“.

На митинг во Тексас дополнително објаснил:

„Знаете дека постои збор кој е помалку старомоден. Тоа е зборот – националист. Ние наводно не би требало да го користиме тој збор. Но, знаете што сум јас? Јас сум националист. Националист. Користете го овој збор!“

Телеканалот NBC директно го пренесувал настапот на Трамп во Тексас, каде тој истакнал дека неговата администрација од почетокот го има овој пристап и ги става интересите на САД на прво место.

На митингот тој го истакнал и следното:

„Радикалните демократи сакаат да го вратат времето назад – да ја вратат власта на корумпираните глобалисти. А знаете ли кои се глобалистите? Глобалист е човек кој сака на светот да му биде добро, не грижејќи се за нашата држава. Нам тоа не ни одговара!“

Можеби во ова лежи и одговор на прашањето зошто рејтингот на Трамп се поправа.

Според американсаката агенција Галуп, ова е прв пат во последните 12 години рекорден број Американци (38 отсто) да бидат задоволни со состојбара во САД. Личниот рејтинг на Трамп достигнал 45 отсто.