Како дел од посетата на Тирана, каде албанскиот премиер Еди Рама ги собра претставниците од албанските партии од Македонија, лидерот на ДУИ и придружбата го посетиле и Културниот центар на Македонија во Тирана, со кој раководи еден од Заевите директори, Златко Ориѓански. Музичарот со гордост зборува како го угостил „господинот Али Ахмети“ и дека тој ја почитувал неговата работа во Албанија.
-11 јануари 2023, фантастичен почеток на новава година. Во посета на нашиот Културно информативен центар во Тирана, дојде господинот Али Ахмети, заедно со вицепремиерот Артан Груби и нивните помошници, Арбр Адеми и Фатон Ахмети.
Имавме прекрасен и длабок разговор на многу теми, вклучително и нашиот пат кон Европската Унија. Благодарам на посетата и големата почит кон мене и мојата работа овде, пишува тој.