Косово демантира, а Белград потврдува – вака отприлика изгледа дипломатската војна која ја водат Србија и Косово околу признавањето на „намјладата држава во Европа“.
Српскиот министер за надворешни работи изјави дека уште една земја го повлекла признавањето – Папуа Нова Гвинеја.
„Папуа Нова Гвинеја, која го призна Косово во 2012 година, се наоѓа во Југоисточна Азија на источната страна на островот Нова Гвинеја. Неговиот западен дел и припаѓа на Индонезија-објасни Дачиќ.
Тој дообјасни дека таа земја по површина е петпати поголема од Србија.
Претходно признавањата ги повлекле Либерија, Суринам, Сао Томе и Принципе, Гвинеја Бисао и Бурунди.
На ова реагираше неговиот косовски колега Беџет Пацоли, велејќи дека не е точна информацијата за Папуа Нова Гвинеја, а Дачиќ реплицираше дека во Косово имаат мапа на која се обележани државите кои го признале Косово, „но таа не е точна“.
Инаку, тој истакна дека „најмоќните земји, не сметајќи ги западните, не го признаа Косово“.