Сите партии во шведскиот Парламент се согласија да го поддржат планот на Владата за значително инвестирање во вооружувањето и тоа да се плати со заеми до 26,8 милијарди евра, соопшти денеска шведската Влада.

„Шведска е во многу сериозна безбедносна ситуација“, рече на прес-конференција шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон.

Тој посочи дека поради тоа е многу добро што е постигнат широк и долгорочен политички договор за многу големи инвестиции во одбраната во наредните години.

Фото: ЕПА