Дополнитениот заменик министер во МВР од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска е во самоизолација откако тестовите за корона вирус на Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ и Сања Лукаревска, директор на УЈП беа позитивни.
-Согласно здравствените протоколи и заради превенција, во самоизолација се сите лица кои имале ризични контакти со нив, како Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Марјан Забрчанец и Славјанка Петровска. По напревените тестирања информираме дека потпретседателката Мила Царовска и потпретседателот Дамјан Манчевски имаат негативни резултати, но остануваат во самоизолација согласно препораките, стои во соопштението.