Сегмент и сцена по потпишувањето на договорот меѓу Србија и Косово во Вашингтон:
ВУЧИЌ: Ова е пенкалото што ќе го зачувам само за себе. Го добив од Доналд Трамп. Ми го подари мене…
НОВИНАР: Дали со ова пенкало потпишавте…
ВУЧИЌ: Не, не, со ова пенкало само Трамп потпишува и мене ми го подари и тоа посебно ми го напиша на парче хартија – порака, и сега ја барам таа порака, да не објаснувам и добив клучеви од Белата куќа и ми рече ова ти е за секогаш да можеш да влезеш во Белата куќа…
Тоа е изјавта на Вучиќ за пенкалото. Заев го бакнуваше пенкалото од Столтенберг, Вучиќ ќе го чувал само за себе. Инаку на подолната фотографија можете да видите како изгледаше средбата меѓу Трамп и Вучиќ. Социјалните мрежи во Србија, па и не само таму, вријат од подбивање со Вучиќ поради оваа слика на која Вучиќ седи како учениче, но и поради договорот со кој неформално Србија го призна Косово. Јасно е дека протоколот се труди да го одржи претседателот на САД на дистанца, но нормано, тоа можело да се изведе и со подостоинствен третман на српскиот претседател.
А ако се сеќавате, ова е Заев по средбата со Столтенберг при приемот на Северна во НАТО