Казнет со домашен притвор, жител на сицилијанскиот град катанија пред некој ден затропал на вратата на локалниот затвор барајќи да го вратат зад решетки.
Како основен мотив за решението да се врати во затвор, Сицилијанецот го навел тормозењето кое му го вршела сопругата. Таа непрестајно му повторувала на 50-годишниот сопруг дека е некадарен, бидејќи бил фатен и обвинет за кражба на половина чанта со храна од супермаркетот.
Се разбира, тоа не е единствената негова несреќа. Тој ја скршил и магнетната гривна со која полицијата постојано имала увид во неговото движење. За тоа добил уште една година затвор, а судот одредил дека и таа казна ќе ја одлежи дома – со сопругата.