Неработникот Шилегов да не покажува видеа од други градови, туку да каже дали е стигната скалата од 1,7 милиони евра во Скопје, која ја набави фирмата на зетот на неговиот секретар, се вели во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Да се грижеше мрзеливиот Шилегов за Скопјани ќе набавеше нови противпожарни возила, но наместо грижа за животите на граѓаните него го интересираат провизии од сомнителни договори. Неработникот Шилегов освен љубовта кон добрата чашка има љубов кон криминалот. Додека скопските пожарникари имаат недостиг на возила и опрема, бизнисот на неработникот Шилегов непречено си врви. Со години плукаат и ја оцрнуваат Унгарија, ама кога се во прашање бизнис и матни зделки на мрзливиот Шилегов не му е проблем преку унгарска компанија да потроши 1,7 милиони евра за скала, а партнер пак на истата да биде фирма на зетот на секретарот на Град Скопје. Додека фирмата на зетот на најблискиот соработник на мрзливиот Шилегов ќе си заработи 540.000 евра, граѓаните на Скопје ќе чекаат со саати да им помогне противпожарната единица која тие ја оставаат без опрема. Нечиј дом може да не биде навреме спасен, оти мрзливиот градоначалник решил дека приоритет е неговата заработка и на луѓето околу него, истакнуваат од партијата.

За неработникот Шилегов може да нема нови противпожарни возила и противпожарна опрема, ама полнење на џебови од милионски договори мора да има. За ова одговорност ќе има и неработникот Шилегов нема да се спаси за сторените криминали, додаваат од таму.