Разговорот трае еден час и се одвива меѓу Трамп, државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, и уште неколку високи функционери републиканци. Не е сосема јасно дали е ова еден разговор како што тврди Вашингтон пост или станува збор за компилација на повеќе разговори.
Трамп во разговорот забележува дека луѓето во Џорџија се бесни.
„Гледај, сè што барам е да најдете 11.780 гласови“, вели Трамп, повторувајќи дека тие победиле на изборите.
На тврдењето на неговите соговорници дека резултатите се такви какви што се, дека тие имаат луѓе што ги пребројуваат гласовите и дека и Трамп има свои луѓе, но дека судот решил како што решил, Трамп вели:
„Не ви е дозволено да објавувате фалсификувани резултати“.
Белата куќа сè уште не ги коментирала наводите и аудио-снимката.
Содржината на разговорот секој ќе ја толкува различно, зависно од својата наклонетост. Противниците на Трамп ќе тврдат дека тој бара од секретарот во Џорџија да му најде доволно гласови за да го победи Бајден, неговите приврзеници ќе тврдат дека Трамп се обидува да го стори спротивното: да ги натера овие луѓе да постапуваат законски и да го спречат фалсификатот.
Не е јасно кој го снимал разговорот или разговорите, односно дали е тоа некој од Трамповите соговорници или некој сосема друг, што е поверојатно. На прв поглед с едобива впечаток дека ТРамп разговара преку спикерфон со повеќе лица коис е на едно емсти, но тоа е тешко да се утврди со стопроцентна точност. Но, суштината на скандалот е токму во тоа: кој е да е снимателот, Трамп не знае дека е сниман, а уште помалку дека тоа ќе биде публикувано.Всушност, станува збор за незаконско снимање на телефонски разговор на претседателот на најмоќната држава во светот и тоа ќе помине без никаков проблем. Ако тоа е така во САД, тогаш…