Зеќирија Ибрахими од Алтернатива вели дека немаат интерес да влезат во Влада, додавајќи дека досега не добиле таква понуда. Според него, претседателот на партијата, Африм Гаши, бил во контакт со премиерот Заев, но комуникацијата, како што вели, била вообичаена.
– Немаме ниту интерес, ниту покана, ниту понуда да станеме дел од оваа Влада. Не сакам да прејудицирам што ќе се случи, но во моментов состојбата е ваква каква што е, посочи Зеќирија Ибрахими.