Ново парламентарно мнозинство без ДУИ и СДСМ до крајот на годината, најавува Зеќирија Ибрахими од коалицијата Алтернатива-Алијанса за Албанците. Ибрахими во дебатната емисија на ТВ Шења истакна дека бројките на локалните избори ја разнишаа владејачката коалиција. Според него, некои партии кои учествуваат во коалицијата се веќе подготвени да се префрлат на другата страна, пренесува порталот Алмакос.
„Во власта во која ќе бидеме ние со ВМРО и другите помали партии, нема место за ДУИ. Таму се зборува за внатрешни поделби таму, ако некој пратеник замине, ќе премине на оваа страна. Не знаеме како биде таа работа, но како партија, ДУИ нема да ја најде декември во Владата. Затоа, ние се подготвуваме за ново парламентарно мнозинство, за нова влада, за која сум сигурен дека ќе донесе добро за сите граѓани, во овој случај за граѓаните на нашиот Чаир, истакна Ибрахими.
И покрај подготовката на новото парламентарно мнозинство, Ибрахими рече дека коалицијата Алтернатива-Алијанса за Албанците исто така ќе биде и дел од локалната власт во Град Скопје, дури и со некои големи дирекции кои спаѓаат под градот. За ова веќе има договор со идната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.
-Се договоривме со нејзе некои од претпријатојата што ги води Град Скопје да бидат управувани од експоненти на нашата коалиција во Скопје и ова директно му помага и на граѓаните на Чаир во овој случај. Или „Водовод и канализација“, или „Комунална хигиена“, или „Паркови и зеленило“, или „ЈСП“, најмалку две од овие претпријатија треба да ѝ припаднат на коалицијата. Ова се доволни ресурси за да можеме ние да ги решиме многу од проблемите на нашите граѓани. Независно од тоа што се случува на генерален план во државата, ние како коалиција ќе бидеме дел од локалната власт на Град Скопје, додава тој.
Секретарот за односи со јавноста на Алетрнатива Зеќирија Ибрахими, исто така, зборуваше за математиките на политичките партии за вториот круг од локалните избори. Конкретно за Тетово, тој рече дека гласачите на Алтернатива се слободни да гласаат според нивното убедување и дека засега нема заедничка одлука во коалицијата за поддршка на кој било од кандидатите.
-Ниту една партија ги нема гласачи во кошница па ќе оди и ќе му ги даде на другиот кандидат. Дури ми изгледа навредливо да кажеме дека нашите гласови ги даваме на едните или на другите. Дотолку повеќе што ако некој што не живее во таа општина зборува во име на луѓето што живеат таму. До денес додека зборуваме, нема официјален став на нашата коалиција за тоа кого ќе поддржиме во вториот круг. Ова важи за сите општини, не само за Општина Тетово. Досегашниот став е дека ние не можеме да заземеме страна и да им кажеме на гласачите да одат тука или таму. Тие се слободни да ја изразат својата волја по свое убедување, по својата проценка и според она што сметаат дека треба да се направи во нивната општина, потенцира Ибрахими.
Ибрахими објасни дека во тек е поголема мобилизација за пресврт на резултатот во Чаир во вториот круг од локалните избори на 31 октомври. Овие и повеќе прашања беа разгледани во дебатната емисија на телевизијата Шења, која се емитува вечерва во 20:40 часот.