Агентот на шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, Мино Рајола, соопшти дека неговиот клиент е подготвен за преговори со Милан.
Ибрахимовиќ сезонава настапува за Лос Ангелес Галакси со кој има договор до 2019 година, а италијанскиот клуб е заинтересиран повторно да го врати на „Сан Сиро“.
– Во моментов трансферот не е возможен, но подготвени сме да разговараме. Не ги отвораме, ниту пак ги затвораме вратите за добиените понуди. Мораме да видиме какви услови ќе понуди Милан, истакна Рајола.
Ибрахимовиќ во периодот од 2010 до 2012 година настапуваше за Милан и постигна 56 голови.