Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ го сподели своето мислење за можниот крај на неговата играчка кариера.
-Сè уште не сум одлучил кога сакам да престанам, но сакам да продолжам што е можно подолго и не сакам да размислувам за тоа. Не сакам да станам еден од оние кои се тажни, мислејќи дека може да продолжи, но не го прави тоа. Сè додека ме викаат, ќе играм, изјави Ибрахимовиќ.
Претходно стручниот штаб на шведската репрезентација го повика 40-годишниот напаѓач за подготовките за квалификациските средби со Грузија и Шпанија.
Ибрахимовиќ во тековната сезона одигра осум натпревари на кои постигна три гола.