Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ може да го пропушти почетокот на новата сезона поради повредата на левото колено, информира „Ла Газета дело Спорт“.

Триесет и деветгодишниот Швеѓанец се повреди на натпреварот од 35. коло од последната сезона на италијанското првенство против Јувентус (3:0).

Како што е наведено, клубот не сака да ризикува и ќе му даде повеќе време на играчот да закрепне. Најверојатно, тој ќе се врати на терените во септември, по пауза за репрезентативните настапи.

Во првото коло од сезоната 2021/22 во Серија А, Милан ќе се соочи со Сампдорија. Ибрахимовиќ минатата сезона одигра 27 натпревари за Милан, постигнувајќи 17 гола и три асистенции.