Само 6 дена пред почетокот на Светското првенство, Златан Ибрахимовиќ изјави дека шведските медиуми го чинат местото во репрезентацијата.
– Медиумите велат дека на репрезентацијата и е подобро без мене. Но, тоа е расположението на шведските медиуми. Немам типично шведско име. Немам вообичаено шведско однесување и држење, но сепак се уште го држам рекордот во националниот тим. Најголемата радост во фудбалот е да играш на Светско првенство. Најдобрите играчи се таму. Златан не е таму, но тој мораше да биде таму, изјави Ибрахимовиќ во свој стил.
Шведска е во групата Ф на Светското првенство 2018 во друштво на Германија, Мексико и Република Кореја.