Ѓорѓи Цуцковски со 60 илјади пратечки вокали синоќа во еден глас пееја за Македонија на протестниот собир на ВМРО ДПМНЕ, а македонската химна нигогаш не звучела помоќно,
Со солзи во очите и рака на срцето одекнуваа стиховите.
Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата,
Македонците се борат за своите правдини, Македонците се борат за своите правдини!
Одново сега знамето се вее, на Крушевската Република,
Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев ПитуГули, Даме Груев, Сандански!
Горите Македонски шумно пеат, нови песни нови весници,
Македонија слободна, слободно живее!
Македонија слободна, слободно живее!
И ете На Зоран Заев му се случи народ, НАРОД во вистинска смисла на зборот. Почна Вардар да надоаѓа, а ова беше само опомена за потопот кој ќе му се случи на следните избори без разлика дали ќе бидат предвремени или регуларни.
Покрај сите притисоци и закани изминатива година, кај македонецот се разбуди пркосот, ја крена главата високо и му порача НЕ на Заев и неговата погубна политика. Колку и да мислат дека народот е глупав, дека е уморен од политиката, дека духот му е скршен се лажат затоа што борбата за Македонија никогаш не престанува и ќе трае и до последниот здив.
Или како што вели нашиот великан Петре М. Андреевски:
„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска! Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева!“
Во целата неспособност да ја водат државата, за едно нешто мора да им оддадеме признание, а тоа е дека никој како нив не успеал за толку каратко време од своето владеење да акумулира гнев и револт кај својот народ. Ако земеме во предвид дека ги изгубија изборите во декември 2016 година и маестралната победа која што ја имаа на локалните избори во октомври 2017 година, тогаш излегува дека за помалку од година почнуваат да го губат тлото под нозете. Бродот на кој што се полека почнува да тоне и покрај фингираните анкети кои ги лиферува пропагандната машинерија на ТЕЛМА Телевизија за огромниот рејтинг кој го ужива Заев.
М-р Мартина Антиќ