Македонските тркачи немаа викенд на кој долго ќе се сеќаваат на патеката Хунгароринг покрај Будимпешта и по втората трка од Европскиот ТЦР шампионат.

Игор Стефановски-Иџе, кој стартуваше од 17. место, не успеа да ја заврши трката откако по пет кругови неговиот автомобил имаше проблеми, додека Виктор Давидовски од 22. место на стартот на трката, на крајот беше само 18.

На вчерашната прва трка, Стефановски заврши на 13-тото место, додека Давидовски беше веднаш зад него.

Триумфот во трката, прв во кариерата, отиде кај Португалецот Франциско Мора во Хјундаи, додека второто место го освои неговиот клупски колега, Унгарецот Даниел Наѓ. Двајцата лидери во генерален пласман немаа најдобра трка и завршија надвор од поени – Микел Азкона останува лидер со 112 поени, еден пред Душан Борковиќ, додекека Наѓ сега е на 24 поени зад Србинот.