Меѓународната федерација на новинарите  ги осуди притисоците врз француските новинари, откако тројца француски новинари беа повикани на сослушување во Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ) по објавувањето на доверливи информации за употребата на француското оружје во војната во Јемен, јави МИА.

Меѓународните и европските федерации на новинари (ИФJ/EФJ) и нивните партнери во Франција го осудија нападот врз слободата на медиумите. Станува збор за новинарите Матијас Натал и Жофроа Ливолсим кои се основачи на медиумот за истражувачко новинарство „Дисклоз“ како и Беноа Коломба, член на истражувачкиот тим на Радио Франс. Тие се повикани од разузнавачки служби на „разговор“ како дел од прелиминарната истрага, што ја води јавниот обвинител на Париз за „загрозување на тајноста на националната одбрана”.

Новинарите на 15 април  објавија белешка наводно напишана од Дирекцијата на воена разузнавачка служба, која укажува дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати користат француски оружје во Јемен. Француските власти демантираат дека француско оружје е употребено на фронтот во Јемен.

На состанокот во Талин на 9 и 10 мај, Генералното собрание на Европската федерација на новинари (ЕФН) едногласно им изгласа поддршка на Натал, Ливолси и Коломба, оценувајќи дека нивното повикување на разговор има имплицитна цел за „замолчување на новинарите и откривањето на (нивните) извори”.

На 25 април, МФН  и ЕФН за овај случај ја алармираа платформата на Советот на Европа за новинарите кои се чувствуваат загрозени, а Франција за неколку дена ќе го преземи  претседателството со Комитетот на министрите на оваа организација.

– Ние сме загрижени за овие покани (до новинарите) кои што претставуваат карактеристични напади врз слободата на медиумите. Засегнатите новинари откриваат информации од јавен интерес и властите не смеат да ги заплашуваат. МФН е уште позагрижена и веќе ја предупреди Франција за нејзиниот однос кон новинарите, изјави генералниот секретар на ЕФJ, Антони Беленжер, кој е и новнар во Радио Франс.