Н денешното продлжение од судењето за настаните на 27 април лани, обвинетиот Игор Југ не доби шанса да му постави прашање на ексминистерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.

Како реакција на негативниот одговор од судијката Добрила Кацарска, тој скокна од столчето и се упати кон излезот на судницата.

„Отстранете ме од судницата. Судите триесет и тројца Македонци. Каде е српскиот шпион Живаљевиќ”, запрашал Игор Југ.

Судијката го предупреди да не си ја отежнува и онака тешката состојба во која се наоѓа и дека таа не одлучува кој е обвинет, туку Обвинителството.

Инаку, во изјава за медиумите, адвокатот на Мунир Пепиќ, Еленко Миланов, рече дека сакал да го праша поранешниот заменик-министер во МВР, Агим Нухиу, дали има овластувања да им даде директна наредба на сите полициски единици. Прашањето до Нухиу, како што рече Миланов, е дали тој во МВР издал таква наредба зашто такви овластувања му даваат законите.

Ова е едно од клучноте прашања за настанот бидејќи досега не е разјаснето зошто тогашниот министер Нухиу, кој денеска, според адвокатите на одбрааната се однесувал како експерт, а не како сведок, не го спречил развојот на настаните, ако веќе Чавков е обвинет за тоа. Според адвокатот Миланов, тој имал такво право според сите законски прописи.