ИГРАТА СО „БОМБИТЕ“ И МВР ПРОДОЛЖУВА: Денеска нови дојави за експлозивни направи во НБМ, како и во 9 средни училишта во Скопје

/ 07.12.2022

Денеска (07.12.2022) околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Исто така, денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информират од МВР.

МВР завчера објави дека фатиле малолетник од Скопје на кого му поднеле кривична пријава за лажна дојава за поставени бомби.


Од истата категорија