На вечерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, според скудните информации кои доаѓаат до јавноста, повеќе се разговарало за програмата за евентуалните избори кои СДСМ ги најави ако не обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за уставните измени, отколку за гласањето во понеделник.
Според расположението во партијата, тоа е прашање за кое нема веќе што да се разговара. И членот на ИК, Трајко Славески пред седницата изјави дека прашањето за гласање за уставните измени е веќе апсолвирано во смисла дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласаат и дека сега останува само да се разговара за изборите.
Самата седница не променила ништо во оваа смисла, а изјавите се дека партијата и пратеничката група остануваат монолитни.