Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Мауро Икарди се повреди во петокот на натпреварот од 3. коло во Лига 1 против Брест.
Фудбалерот го напушти теренот со преврзана десна рака.
Прес-службата на францускиот шампионат известува дека Икарди ќе пропушти три до четири недели.
Фудбалерот беше детално прегледан при што не му е дијагностицирана фрактура, но сепак, повредата е доста сериозна.
ПСЖ по три кола од Лига 1 се наоѓа на првото место во поредокот со максимални девет бода.