Тренерот на Барселона, Роналд Куман го оцени како реален нерешениот резултат на синоќешниот натпревар со Атлетик Билбао од второто коло во шпанското првенство.

– Тоа беше одличен меч од многу аспекти на фудбалот. Мислам дека го направивме животот премногу тежок за себе на почетокот на средбата. Ни недостасуваше смиреност во првите 15 минути. Треба да се забележи расположението на играчите, особено по таква игра. Мислам дека ремито е фер. Имавме можност да победиме, но Атлетик беше на високо ниво. Не можам да бидам незадоволен од резултатот, изјави Куман за „Марка“.

По овој натпревар, Барселона има четири бода, додека Атлетик два.

Каталонците во следното коло ќе се сретнат со Хетафе на 29 август, баскискиот клуб ќе игра на гости кај Селта ден порано.