„Знам… Ми текна.. Ако ги смениме имињата…..или ако им додадеме одредници се ќе тргне на подобро. Затоа сите кои имате фирми.. тука е лекот.. Веднаш ќе имате поголем обрт.. финансиски… Ако не ви оди во бракот.. Не се менувајте вие или партнерот. Сменете си ги имињата и се ќе тргне кон подобро… Исто и со загадениот воздух… Нови имиња на градовите… Малку компромис….и ОП, почист воздух. Ако ви смета сонцето и премногу ве грее… Со ново име и малку компромис, веднаш се решаваат сите проблеми. Секако “КОМПРОМИС”. Ќе набавите во најблиската аптека, се пишува во упатството.
Со компромис и менување на вашето лично минато и име., имате “ТРИ ВО ЕДНО” А со тоа и загарантиран успех до крајот на вашиот живот…. Бидејќи по завршување на Вашиот живот повеќе нема да ви треба.. Ако колата не ви пали… Не менувајте свеќи, масло и сл, само сменете го името на автомобилот и “чакмак”… КАДЕ И ДА СЕ НАОЃАТЕ. Пример: Пежо/Ауди… И проблемот е решен.. Ете сега знаете се…
Напишано на ФБ профилот од Илчо Симовски, уметник, се школувал во Скопје и Финска. Симовски изгледа, како никој друг, ја доловува суштината на изопачената манифестација во која западнавме.