Во текот на ноќта на Дрина се превртел чамец со мигранти, кои се обиделе да ја преминат реката од Србија меѓу местото Дрлача во општина Љубовија и Орлица во општина Зворник.
„Утринава, околу 5 часот, Граничната полиција на Љубовија била известена од Граничните власти на Босна и Херцеговина, како и од локален жител, дека чамец на Дрина во текот на ноќта се превртел со нерегуларни мигранти кои се обиделе да ја преминат реката од Србија меѓу местото Дрлача во општина Љубовија и Орлице во општина Зворник“, изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Според мигрантите кои стигнале до брегот, во чамецот имало околу 25 лица, а полицијата и пожарникарите-спасувачи на брегот пронашле 18 лица, од кои три деца, додаде министерот.
Веднаш по пријавата на лице место се испратени припадници на полицијата и на Одделението за вонредни состојби, а во моментов интензивно се пребаруваат реката и крајбрежјето, соопшти МВР на Србија.
Фото: Архива