За четири години покажавме што значи да се работи одговорно и отчетно во интерес на граѓаните, за четири години направивме сериозна позитивна трансформација на секој сегмент од општеството, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи на вечерашната трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Битола, пренесуваат медиумите.
„За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, беа потрошени 250 милиони евра пари на граѓаните за да се креираат 15.000 работни места. Ние за 4 години обезбедивме 90.000 работни места, а за тоа само минатата година имавме потрошено 70 милиони евра, за разлика од 250 милиони евра за само 15.000 работни места. И тоа не беше доволно, во 2017 година одлучивме дека ставаме крај на отворање нови работни места кои се сиромашни работни места, затоа што тие креираат сиромаштија. Да не заборавиме дека минималната плата од 9.000 денари ја зголемивме на 14.500 денари и тогаш од опозицијата се противеа на тоа зголемување велејќи дека со тоа покачување економијата ќе крахира. Денеска минималната плата е 15.200 денари а просечната речиси на 29.000 денари и економијата не е крахирана“, уверува Битиќи.
Истиот тој, пред само 18 дена, на 5 јули, во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, изјави:
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи информира дека за 4 години се креирани 60.000 работни места, во кои што минималната плата е 15.240 денари.
„Од просечната плата од 22.000 дојдовме до 28.000. Јас знам дека моите сограѓани добиваат повеќе пари во нивните џебови. Нема повеќе плата од 9000 денари. Секој еден денар нашите жители ќе биде употребен кон привлекување на инвестиции“, рече тој во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Така, за само 18 дена Битиќи си додаде 30 000 ново отворени работни места. Таков успех, за толку кратко време, не постигнуваат ни економиите како таа на САД, но, ова е Македонија, а ова се СДСМ и Битиќи. Ии можеби човекот смао си зборува и се расфрла со бројки.
Инаку, колку за потсетување, во време н ВМРО-ДПМНЕ од 2006 го 2016 невработеноста беше намалена од 37 отсто на 22 отсто.А тоа не с епостигнува со смао 15 000 нови работни места. Во спротивно, ако ВМРО-ДПНЕ успеал со 15 000 нови работни места да ја намали невработенста за 15 проценти, со 90-те илјади работни места на Битиќи, ние сега веќе би требало да немаме невработени, поради тоа платите да доживеале таков скок што се на ниво на просекот од ЕУ и да увезуваме работна сила од странство.
Инаку, според ДЗС, во вториот квартал од 2017 година, кога СДСМ ја презеде власта, во РМ биле вработени 739 892 лица. За оваа година, последен податок на ДЗС е за првиот квартал и тој изнесува 793 121 лице. Разликата е 53 229 лица.
Значи не се ни оние 60 илјади, туку помалку, но ете, разликата од 53 илјади до 60 илјади нека биде бакшиш за Битиќи бидејќи ако го слушате неговиот говор вечерва во Битола, посебно делот за Царовска, малку ќе ви се повраќа. Па му додавате, само да ви се тргне од пред очи.
Ама тие 53 илјади, кои со бакшиш стануваат 60 илјади, секако не се 90 000 работни места со кои фали Битиќи. Овен ако СДСМ не отворил навистина 90 илјади (каде ли се само?), а затворил 37 илјади работни места. Па Битиќи го посменува првото, а го премолчува второт. Ама, некој економист би требало да му пресмета, дека тоа баш и не оди така.