Анастасија Илиеска, поранешна директорка на Управата за јавни приходи и Државен секретар во Министерството за внатрешни работи, со коментар на својот фејсбук профил за вчерашниот случај кога техничкиот премиер Талат Џафери неовластено упадна и неовластено снимаше вработени кои ги извршуваа своите работни задачи во СВР Тетово.

Tаа истакнува дека е недозволиво однесување кон вработени без разлика на позиција и функција.

– Позицијата на технички министер не дозволува дирекна надлежност на вработени во МВР, за што постои хиерархија на надлежности

– Надлежните институции согласно закон да поведат постапки за однесувањето на техничкиот премиер Талат Џафери.

– Никој на работа не оди за да некој се изживува со него и му се обраќа со повишен тон.

– Овој случај покажува за каква личност станува збор која е на позиција технички премиер.

– Сигурна сум дека и граѓаните на Македонија со албанска националност се срамат од ваквото однесување кон вработени во институции.

– Културата и воспитанието на службеничката го победија дивјаштвото на Талат., пишува Илиеска.