Илија ЧАШУЛЕ

Во приказната за Силјан Штркот е содржана една од најстарите легенди на Балканот, имено за Пелазгите кои се населиле во Македонија барем илјада години пред Грците, а нив Грците ги нарекувале луѓе-штркови.

Силјан е фригискиот/бригискиот Силенос, врховно и непослушно водено божество, кој можел во секое време од вода да стане човек и од човек вода.

А легендата за луѓето што одлетуваат како штркови за да се спасат и да живеат вечно e фригиска (малоазиска) и зборува за македонската/бригиската дијаспора. Таткото на Силјан е Божин, т.е. Тиос Ѕевс, Неда, жена му, по име е водена нимфа, а Велко, синот на Силјан е словенскиот бог Велес. Ете ни ја историјата генијално сочувана!”

Фригискиот (анадолски бригиски) сатир СИЛЕН-ОС бил очув на Диониз (тракиско божество) од кој еднаш бил одвоен кога патувале низ Фригија. Но, фригискиот крал Мида (Мидко?) топло го прифатил Диониза. Како награда Диониз го благословил (блосоил) Мида со златен допир.

Македонското име СИЛЈАН води непосредно потекло од името на ова божество, и значи „в о д е н човек„, т.е. „блескав (како вода) човек„ т.е. е старо, бригиско или бриго-македонско…
Потсетувам на Цепенковата славна уникатна симболна приказна Силјан Штркот…
А мојот ментор, Блаже Конески еднаш напиша : „Ако штрковите воопшто носат пород, ние сме породот на Силјан Штркот…„.