Илија ДИМОВСКИ
Ванчо Михајлов и неговото наследство низ политиката на СДСМ…
1. Да склучиш договор во кој ќе потпишеш заедничка историја со Бугарија…
2. Да склучиш договор со кој ќе се откажеш од македонскиот народ во Бугарија…
3. Да потпишеш договор со Бугарија во кој нема одредница “македонски народ” и “македонски јазик” без фусноти и граничници…
4. Да издадеш еднострана изјава за македонскиот јазик со која злосторнички се откажуваш од корените и дијалектите на истиот од егејскиот и пиринскот дел на Македонија…
5. Да прифатиш дека браќата Кирил и Методиј имаат било каква врска со Бугарија и дека Цар Самоил историјографијата го препознавала како Цар на државата Бугарија…
6. Да прифатиш од македонските учебници да се тргнат фактите и историските параметри за поделбата на Македонија во 1913 година…
7. Да имаш Претседател на држава од твојата партија кој за Гоце Делчев тврди дека е Бугарин…
8. Да имаш секојдневни навреди од државните институции и функционери од Бугарија за постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик, а скоро никогаш да не реагираш…
9. Да потпишеш обврска дека државната поддршка во културата ќе зависи од историската верификација од соседна држава…
10. Да си на чело на партија за која од 2016 година наваму јавна поддршка даваат сите Бугари, бугарофили и платени бугарофили, соработници на службите…
11. Да си на чело на Влада и институции кои дале дозвола за регистрација на здруженијата “Ванчо Михајлов” и “Цар Борис”…
12. Да си на чело на партија која е наследник на комустичкиот режим чиј долгогодишен соработник и кодош му беше токму предавникот Ванчо Михајлов…
13. Да си на чело на партија која ефективно ја спроведува предаваничката теорија за “Македонија- Швајцарија на Балканите” од Ванчо Михајлов…
И за сето тоа да имаш образ да зборуваш јавно и да напаѓаш други, треба стварно или да не ги разбираш работите или да мислиш дека сите други се глупи…