Зоран Заев ќе говори на прославата на 116 годишнината од Илинденското востание во Крушево, а не Стево Пендаровски како што вчера беше објавено.
– Во текот на вчерашниот ден настана недоразбирање во однос на одржувањето на Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, односно преку медиумите беше известено дека претседателот државата Стево Пендаровски ќе присуствува на 2 Август во Крушево, соопшти Владата.
На 2 Август на Мечкин Камен во Крушево ќе се обрати премиерот Зоран Заев.