Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ продолжува со вечер на традиционална музика и игра.
Според програмата, први на сцената ќе настапат културно уметничките друштва „Весели пензионери“ и „Злетовски рудар“ обете од Пробиштип, а потоа КУД „7-ми Септември“ од Македонски Брод, КУД „Тернипе“-Битола, фолклорните ансамбли „Тиквеш“ од Кавадарци и „Плетенка“ од Битола, а македонската понуда ќе ја заокружат членовите на ансамблот „Тримери“ од Струмица.
Фестивалската сцена во Битола ќе биде побогата и со настапот на гостите од странство, односно групата „Халелуја“ од Израел, групата „Ахмедабад“ од Индија, фолклорната асоцијација „Паџети“ од Италија и групата „Кладетс“од Москва, Русија.
По завршувањето на програмата, фестивалските содржини продолжуваат во културниот центар „Магаза“ каде ќе се одржи вокално инструментална вечер „Ехо од дамарите“.