Повеќе групи коњаници го почнаа традиционалниот илинденски поход кон Крушево и Мечкин камен во чест на Илинденското востание и Илинденците.
Коњаници тргнаа од повеќе локации низ Македонија, а на 2 Август на Илинден, треба да пристигнат на Мечкин Камен.
Традиционално по 45-ти пат, триесетина коњаници вчера тргнаа од скопско Горно Лисиче кон Крушево.
Градоначалникот на општина Аеродром на учесниците им посака среќен и мирен пат.
-Тие се хероите на новото време во кое живееме, личности кои со својата храброст секоја година на автентичен начин ја пренесува пораката за издржливоста и упорноста на борците за слободна, независна и самостојна Македонија, истакна вчера градоначалникот Тимчо Муцунски.
Коњаниците го почнаа илинденскиот марш од Горно Лисиче, од црквата Св. Петар и Павле, каде што се одржа свечена литургија, на која свештеници од МПЦ на коњаниците им дадоа благослов на патот кон Крушево. Во годинашнава чета маршираат 28 коњаници кои утрово поминувајки низ територијата на Општина Петровец застанаа во кругот на Општината.
Градоначалникот Борче Митевски ја пречека коњаницата од Илинденски марш, а на собирот присуствуваше и пратеничката Марија Петрушевска, како и дел од општинските советници.
По кратката пауза учесниците го продолжија патот кон Крушево.
И од повеќе други места од Македонија тргнаа коњаници на маршот во чест на Илинден.