Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, преку објава на социјалните мрежи изрази директна поддршка за ВМРО ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата на претстојните избори.
-Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе даде нова димензија на економскиот развој на … Македонија во иднина од која бенефит ќе имаат сите нејзини граѓани. Да не заборавиме дека нејзината визија и политики во управувањето ја трансформираа … Македонија, 10-то место во светот и 5-та во Европа по бизнис клима и странски инвестиции. Благодарение на визијата на ВМРО-ДПМНЕ, … Македонија експлодираше во растот на земјоделството и сточарството, почнувајќи од 10 милиони евра годишно финансирање и зголемувајќи ги на 200 милиони евра. Новиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, верувам, доволно научи од грешките направени во минатото и последиците од непотизмот, кој ги засенија извонредните економски и општествени достигнувања. … Македонија ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучната гаранција за тоа, стои во објавата на Мета.
Поранешниот албански претседател извршуваше повеќе државни функции, беше премиер од 1999-2002 година, во периодот од 2002-2003 и 2009-2010 беше министер за надворешни работи, а со албанскиот парламент раководеше од 2013 до 2017 година. Претседателскиот мандат му беше од 2017 до 2022 година.