Илон Маск доби дозвола за четврто лансирање на ракетниот систем Старшип

/ 05.06.2024

Американската федерална управа за авијација (FAA) денеска објави дека ѝ издале лиценца на компанијата SpaceX за четврто лансирање на ракетниот систем Starship.

– FAA ѝ додели лиценца на компанијата SpaceX за лансирање на Starship Flight 4. Компанијата SpaceX ги исполни сите безбедносни и други барања за лиценцирање на овој тест лет – се вели во соопштението на FAA, пренесува Reuters.

Компанијата SpaceX во сопственост на Илон Маск има намера да лансира вселенска ракета во две фази, возило долго речиси 122 метри, утрото на 6 јуни од својот космодром во Јужен Тексас.


Од истата категорија