Тестот двапати беше позитивен, а потоа двапати негативен, вели Илон Маск, директор на Тесла и со тоа ја доведе во прашање веродостојноста на тестовите за Ковид-19.
– Се случува некоја измама. Денеска бев тестиран за ковид-19 четири пати. Тестот двапати беше позитивен, а потоа двапати негативен. Иста машина, ист тест, иста болничарка, напиша Маск на Твитер.
Тој изјави дека правел брзи антиген тестови, а сега чекал резултати од ПЦР тестови од други лаборатории.
– Имам симптоми на типична настинка, ништо невообичаено досега, додава Маск.
Американската Агенција за храна и лекови овој месец ги извести лабораториите и здравствените институции дека лажни позитивни резултати може да се појават кај брзите антиген тестови.