Продуцентите на британската верзија на реалното шоу „Big brother“ објавија негов крај. Тие на Твитер соопштија дека престојната 19-та сезона е последна.
Британскиот Канал 5 го потврди „крајот на една ера“.
Шоуто за прв пат беше емитувано во 2000 година и веднаш стекна голема популарност која со текот на годините опаѓаше.
„Време е играта да заврши“, објавиле продуцентите од куќата Ендемол.
Тие изразиле надеж дека ќе постигнат договор со некоја друга ТВ куќа.