Дојави за бомби утринава повторно биле испратени на електронските адреси на училишта.
Од МВР информираат дека до 08.20 часот e пријавено дека на електронските адреси на 18 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.
-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаит, велат од МВР.
Вчера дојава за поставена експлозивна направа добиле 120 училишта во Скопје, а по извршените проверки полицијата утврди дека се работи за лажни пријави.
Учениците речиси секојдневно имаат главоболки со лажните бомби, а нивните родители од дополнителна главоболка да најдат леб, откако Владата ја смрзна цената, а пекарите го смрзнаа снабдувањето на продавниците.