Дојави за поставени бомби пристигнале утринава во неколку скопски училишта, потврдуваат од МВР за МИА.
Дојави за бомби, според сознанија на МИА, има во основното училиште „Александар Македонски“ и во „Лазо Ангеловски“ на територија на Општина Аеродром.
Освен во средни и основни училишта, анонимни дојави за поставени бомби на почетокот на неделава имаше и во институции и трговски центри.
Дојава за поставена бомба и во кумановското ОУ „Браќа Миладиновци“
Дојава за поставена бомба утрово има и во кумановското Основно училиште „Браќа Миладиновци“, потврдија денеска надлежните од училиштето и од Советот на родители.
– Екипите на СВР Куманово се на терен, учениците и наставниците безбедно се евакуирани, изјави за МИА директорката на училиштето Јасмина Спасовска.