Пејачката Вики Миљковиќ која е и член на жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд” секогаш се грижи за својот изглед. Навикнати сме да ја гледаме убаво облечена и дотерана, ама папараците на српски Ало ја уловилњ пејачката во малку поинакво издание.
Ја начекаа, па ја фотографираа кај нејзиниот дом во Бежаниска Коса и како што може да се забележи, нејзините гради се поголеми од вообичаеното.
Дотерана, насмеана и со огромно деколте Вики изгледа мошне предизвикувачки, па останува да се види дали пејачката го посетила естетскиот хирург и вградила силикони во градите или тоа е само оптичка измама?
-Никој од нас не е совршен, па ниту јас. Ако почнам да ви кажувам што се’ би направила, листата ќе биде голема. Но, за среќа јас умеам добро „да се спакувам“, па недостатоците многу да не ми се забележуваат, рече еднаш пејачката.