ИМАЛЕ ДЕСЕТИЦИ ПАСОШИ: Британија покрена обвиненија за петмина Бугари- шпионирале за Русија

/ 21.09.2023

Британското обвинителство денеска објави дека пет лица, осомничени за шпионажа за Русија ќе бидат обвинети за заговор за шпионажа.

Се додава дека во вторник пред Судот во Вестминстер ќе се појават Орлин Русев (45), Бизер Џамбазов (41), Катрин Иванова (31), Иван Стојанов (31) и Вања Габерова (29).

Станува збор за бугарски државјани кои се обвинети дека собирале информации кои би биле корисни за непријателот од август 2020 година до февруари 2023 година.

Обвинетите наводно работеле во оперативна шпионска ќелија на руските безбедносни служби, а обвинителите тврдат дека нивната работа вклучувала следење цели.

Полицајците кои ги пребарувале нивните имоти во Лондон и Норфолк пронашле лажни пасоши и лични карти од Британија, Бугарија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Грција и Чешката Република. објави британски Скај.


Од истата категорија