Мароко планира да потроши најмалку 11,7 милијарди долари за реконструкција по земјотресот во следните пет години, соопшти кралската палата.

Повеќе од 2.900 луѓе ги загубија животите во катастрофалниот земјотрес на 8 септември, чија магнитуда беше 6,8 степени според Рихтеровата скала.

Подрачјата погодени од земјотресот се меѓу најсиромашните во Мароко, со многу оддалечени села без соодветни патишта и јавни служби. Планот за реконструкција ќе опфати 4,2 милиони луѓе во најтешко погодените провинции Ал Хауз, Чичауа, Тарудант, Маракеш, Уарзазате и Азизлал, објави кралската палата по состанокот на кралот Мохамед Шести со владини и воени претставници.

Планот вклучува предомување и надградба на инфраструктурата на начин кој е погоден за социјален и економски развој во подрачјата погодени од земјотресот, се вели во соопштението.

Како што е најавено, овој план ќе се финансира од државниот буџет, меѓународната помош и фонд формиран по земјотресот. Фондот досега има собрано околу 700 милиони долари од донации.