Британската Влада денеска како одговор на инвазијата на Украина објави нови санкции против седум руски олигарси, вклучувајќи го и Роман Абрамович, сопственикот на премиерлигашот Челзи, чија продажба е на чекање.
– Ограничувањата поврзани со замрзнување на имотот, исто така, се применуваат на сите субјекти во сопственост или под контрола на Роман Абрамович. Тоа значи дека неговиот фудбалски клуб Челзи сега, исто така, е замрзнат имот под финансиски санкции на Обединетото Кралство, соопшти Владата во Лондон.
Британската Влада прецизираше дека издала специјална дозвола со која Челзи може да ја продолжи својата фудбалската активност, со цел да се заштитата интересите на Премиер лигата и навивачите на лондонскиот клуб.
– Тоа вклучува дозвола Челзи да продолжи да игра натпревари и други активности поврзани со фудбалот, што за возврат ќе ја заштити Премиер лигата, пошироката фудбалска пирамида, верните навивачи и другите клубови, се прецизира во владиното соопштение.