На 88 годишна возраст денеска почина македонската писателка Оливера Николова, автор на десетици книги за деца и за возрасни. Таа ќе остане запаметена и по лектирниот наслов „Зоки Поки“, книга со која пораснаа многу генерации во Македонија.
Работниот век во помина во Македонската радиотелевизија, како уредничка и драматург. Авторка е на повеќе куклени и играни серии за деца. Таа е автор на 30- тина книги за деца и за возрасни, меѓу кои раскази, романи, сликовници и пиеси. За својата самопрегорна работа, Николова има повеќе награди и признанија, меѓу кои Рациново признание, наградата Стале Попов, двапати ја освоила наградата Роман на годината.
Смртта на Оливера Николова ја потврдија од Друштвото на писатели на Македонија, од каде дополнително ќе го соопштат датумот и терминот на нејзиниот погреб.
Добитничка е на Орден за заслуги за Македонија во 2024 година. Орденот за заслуги го доби пред својот скорашен 88-роденден, кој претседателот ѝ го однесе лично во нејзиниот дом. Орденот се дава на особено истакнати интелектуалци во разни области, а како што истакна претседателот на државата, таа одамна требало да го добие.