Поранешната пратеничка Благородна Дулиќ почина денеска на 78-годишна возраст.

Таа беше пратеничка во македонското Собрание, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Опелото, како што објави Курир, ќе се одржи утре, со почеток од 12:30 часот во капелата на гробиштата Бутел во Скопје.

Благородна Дулиќ е родена на 18 април 1941 година во Кочани.