Холивудскиот актер Алек Болдвин пукал од реплика пиштол на филмски сет во Ново Мексико, при што ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза, соопштија локалните власти.

Трагичниот инцидент се случил за време на снимањето на независниот игран филм „Rust“, ​​соопшти канцеларијата на шерифот на областа Санта Фе.

Од канцеларијата на шерифот потврдуваат дека за време на снимањето на филмот биле застрелани две лица. Халина Хачинс (42), директор за фотографија и Џоел Соуза (48), режисер, беа застрелани кога Алек Болдвин (68), продуцент и актер, испукал од огнено оружје, се вели во соопштението на полицијата.

Засега полицијата никого не привела. Актерот и продуцент Алек Болдвин (68) најверојатно од невнимание погодил два члена на филмската екипа откако го активирал сценскиот пиштол.

Хачинс починала на лице место, додека Соуза е пренесен во болница.

Нема информации под кои околности дошло до пукањето, но полицијата никого нема приведено истакнувајќи во соопштението дека истрагата е во тек.

Болдвин е копродуцент и главен актер во филмот „Rust“ кој се снима. Снимањето по инцидентот е прекинато.