Британскиот весник „Индепендент“ спроведе анкета со која се бара од американски граѓани да го обележат Иран на нема карта.

Повеќето од анкетираните не успеале да го покажат Иран, но неколкумина биле многу блиску.

– Иако не знаеја каде се наоѓа, некои од нив рекоа дека се залагаат за војна со Иран, наведува „Индипендент“.

Некои испитаници не знаеле ниту дека има тензии на Блискиот исток.