Циклонот „Гаџа“ што го погоди југоисточниот дел на Индија однесе најмалку 33 жртви, соопштија локалните власти.
Војската на Индија испратила два бродови и хеликоптер во спасувачка операција, а во погодениот регион однесени се храна, вода за пиење и лекови за околу 82.000 лица кои се сместени во повеќе од 400 кампови.
Најголем број од жртвите загинале при поплави, рушење на куќи и струјни удари.
Циклонот соборил околу 30.000 електрични столбови и над 100.000 стебла.