Најмалку 18 сириски војници загинаа во напад на екстремисти во сириската провинција Латакија, наведе директорот на Рускиот центар за помирување на страните во судирите, Владимир Савченко.

– Во изминатите 24 часа, екстремистите ги гранатираа предградијата Алепо и Хама, како и локалитетот Тел Алуш и населбата Сафсара во Латакија, наведе тој.

Додаде дека во нападите загинале 18 војници, како и дека двајца се повредени.