Најмалку 89 лица починаа откако пиеле токсичен, домашно произведен алкохол, во североисточниот дел на индиската држава Асам, а околу 200 други се хоспитализирани, изјави денеска официјален претставник на индиската Влада.

Пред две недели, повеќе од 100 луѓе починаа во северна Индија откако пиеле токсичен алкохол.

– На секои 10 минути добиваме информација за жртви, пријавени од различни места. Досега, околу 200 луѓе се во болници, а многумина од нив се во критична здравствена состојба, изјави асамскиот министер за здравство Бисва Сарма.

Смртни случаи од нелегално произведен алкохол е честа појава во Индија, каде што многу луѓе немаат пари да купат алкохол.