Индиската фармацевтска компанија Шилпа Медикер соопшти дека склучила договор со Др. Редис Лабораторис Лтд за производство на руската вакцина против Ковид-19, Спутник В.

Се проценува дека годишно ќе се произведуваат 50 милиони дози на двокомпонентната вакцина.

Претходно Др. Редис Лабораторис Лтд, кој доби дозвола од индиските власти за увоз на вакцината и нејзината итна употреба, доби две серии руска вакцина и најави почеток на нејзина употреба минатата недела.

Компанијата истакна дека „целното производство на Спутник V од две дози за првите 12 месеци е 50 милиони дози“.